Битола домаќин на државен натпревар во петанк
На 12 април 2016 година, Битола беше домаќин на 8-от по ред Државен натпревар по петанк којшто е во организација на СОУ „Јосип Броз Тито“ во соработка со Здружението ма професори по француски јазик на РМ и Националната комисија за франкофонија во земјава. 18 екипи од средните училишта од Битола, Прилеп, Демир, Хисар, Гостивар и Неготино се натпреваруваа во спортската дисциплина петанк, игра карактеристична за Французите.
Професорките по француски јазик од средните училишта во регионот велат дека секоја година со задоволство учествуваат на натпреварот во петанк, спортска манифестација која е малку поразлична од другите активности поврзани со францускиот јазик. На оваа манифестација се стекнуваат нови пријателства помеѓу младите франкофони од нашата држава, се изучува вокабуларот поврзан со спортот, особено со петанкот, како и правилата на игра. Во наставата цивилизацијата е важен сегмент во изучувањето на странскиот јазик.
Државниот натпревар во петанк се организира во рамки на прославување на деновите на Франкофонијата, а за најдобрите учесници следуваа награди доделени од страна на Националната комисија за франкофонија во РМ.